Киро Давидовски
Киро Давидовски е истакнат македонски обоист. Роден е во Куманово, 24 декември 1932, а починал во Скопје, 2003 година. Еден од првите музичари во Македонија со факултетска диплома за дувачки инструменти. Дополнително се усовршувал на Академијата „Санта Чечилија” во Рим. Бил прв обоист на Македонската филхармонија и развил богата концертна активност во земјава и во странство. Настапувал во многу земји во светот, меѓу кои и во: САД, Германија, Франција, Шпанија, Мексико и др. Имал извонредно голем репертоар во кој влегува огромен дел од литературата за обоа. Дал значајна поддршка и за развој на македонското музичко творештво. Основач е на Катедрата за дувачки инструменти на ФМУ.