Киро Арсов ( 1918 во Ваташа13 јули 1944 во Конопиште) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од земјоделско семејство. По завршување на основното образование, работел како поштарски работник. Бил симпатизер на народно-ослободителното движење во тиквешкиот крај од самиот негов почеток. Во јули 1944 година после борбата помеѓу бугарската војска и борците на Втората македонска ударна бригада, Киро Арсов бил фатен од страна на бугарските воени власти и бил обесен. Тоа не им било доволно на бугарските војници, па на 13 јули 1944 година неговото тело го запалиле во близина на селото Конопиште.[1]

Во негова чест

уреди

Една улица во неговото родно место Ваташа е именувана по него,[2] а во Кавадарци денес се наоѓа негова биста пред аулата на поштата.[3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 404. ISBN 978-608-4621-04-1.
  2. „Изграден тротоар на ул „Ќиро Арсов" во Ваташа“. ktv.mk. Посетено на 2024-06-18.
  3. „Спомен бисти | Општина Кавадарци“. kavadarci.gov.mk. Посетено на 2024-06-18.