Кирил Солунов
Кирил Тодоров Солунов ( 1927, Влахи, Пиринска Македонија, Бугарија) — македонски активист. Жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.[1]
Кирил Солунов | ||
Роден | 1927 година Влахи, Пиринска Македонија, денеc Бугарија | |
---|---|---|
Националност | Македонец |
Животопис
уредиСамо неколку дена бил дел од илегалната чета на Герасим Тодоров, поради што бил осуден на петнаесет години (поради малолетност) строг и темничен затвор. Во логорите на смртта на островот Персин (Белене) поминал околу тринаесет години. Важел за упорен подржувач на македонската кауза.[1]