Кирил Манасиев
Кирил Стефанов Манасиев - Вечерин — македонски револуционерен и културно-национален деец[1].
Кирил Манасиев | ||
Роден | 23 јуни 1909 Гевгелија, Османлиско Царство (денес Македонија) | |
---|---|---|
Починал | 18 април 1936 Софија, Царство Бугарија | (возр. 26)
Животопис
уредиРоден е 1909 г. во Гевгелија. На 15-годишна возраст, како ученик во прогимназијалните класови ги запишал своите први стихови. По Првата светска војна Манасиеви се преселиле во Благоевград. Таму Кирил работел како секретар на Гевгелиското братство и претседател на друштвото „Роден крај“. Во читалиштето, во соработка со Ангел Динев, Митко 3афировски и други истакати македонски национални дејци, се организираат културно-уметнички настани со македонска национална тематика. Манасиев е автор на бројни социјално-патриотски и сатирични стихотворби, раскази, хуморески и драмски текстови под псевдонимите „Виолетко“, „Вио“. „Лоранс“, „Неранзин“ и „Вечерин“[2]. Објавувал свои песни во весниците „Македонски вести“, „Македонска земја“, „Весело пладне“, „Солзи и смех“ и тоа најчесто под псевдонимот „Вечерин“. Стихозбирката „Сончогледи“ ја објавил во 1924 г. Починал во 1936 г.
Кирил е внук од брат на Аргир Манасиев.
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија, Том II, МАНУ, Скопје, 2009, 908 стр.
- ↑ Ангелъ Диневъ: „Кирилъ Манасиевъ (Вечеринъ)“, „Mакедoнски вести “, II, 54, Софија 29. IV 1936, 2