Кире Новаков

македонски фудбалер

Кире Новаков (роден на 28 август 2003 година) ― македонски фудбалски голман.

Кире Новаков
Кире Новаков како играч на Брегалница 2008
Лични податоци
Роден на 28 август 2003(2003-08-28)(21 г.)
Роден во Штип, Македонија
Висина 1.95 м
Позиција Голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Брегалница 2008
Младинска кариера
2012-2018 Брегалница 2008
2018-2019 Крањ
2019-2022 Триглав
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2022-2023 Триглав
2023- Брегалница 2008
Репрезентација
2019 Македонија под 18 години
2020-2021 Македонија под 19 години 4 (0)

Клупска кариера

уреди

Младинската играчка кариера за започнал во родната Брегалница 2008 во 2012 година. Летото 2018 година, Новаков се преселил во словенечкиот клуб Крањ[1] каде настапувал во екипата до 17 години. Во летото 2019 година, Новаков го сменил клубот и заминал во Триглав,[1][2] при што играл во тамошната екипа до 19 години. За сезоната 2022/23, Новаков бил префрлен во сениорскиот состав кој тогаш се натпреварувал во Втората словенечка лига. За сезоната 2023/24, Новаков се вратил во Македонија и повторно заиграл за прволигашот Брегалница 2008.[1]

Репрезентативна кариера

уреди

Тој бил дел од Македонија под 18 години кога бил повикан во ноември 2019 година.[2] Кире Новаков бил член на Македонија под 19 години[1] и одиграл четири натпревари во периодот 2020 до 2021 година. Во меѓувреме, тој бил пријавен за настап на уште три натпревари, но останал на резервната клупа и не влегувал во игра.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Д.Т. (28 јуни 2023). „Младинскиот репрезентативец Новаков се врати во Брегалница“. sportplus.mk. Архивирано од изворникот 2023-08-10. Посетено на 10 август 2023.
  2. 2,0 2,1 Киро Манев (15 ноември 2019). „КИРЕ НОВАКОВ „ШТИПСКО ДЕТЕ" ПОВИКАН ВО МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА 2002 ГОДИНА!“. stipskiasovi.mk. Архивирано од изворникот 2023-08-10. Посетено на 10 август 2023.

Надворешни врски

уреди