Кимон Георгиев
(Пренасочено од Кимон Георгиев (револуционер))
Кимон (Кимо) Георгиев — македонски револуционер, поројски и солунски војвода на Македонската револуционерна организација.
Кимон Георгиев | ||
![]() | ||
Роден | 1867 Негован, Османлиска Империја | |
---|---|---|
Починал | 31 декември 1907 Кукушко, Солунски Вилает, Османлиска Империја | (возр. 40)
Животопис
уредиРоден е во лагадинското село Негован. Влегол во ВМОРО како терорист. Во 1904 година, тој станал четник при Христо Чернопеев, а од следната 1905 година е војвода на самостојна чета, која дејствувала во Поројско и Солунско. Негов четник е Антон Костадинов.
Кимон Георгиев загинал во борба со османлиските сили во 1907 година, заедно со целата своја чета. [1][2]