Киклоп
Киклоп (старогрчки јазик: Κύκλωψ, Kuklōps; во множина: Κύκλωπες, Kuklōpes) бил дел од расата на џинови во грчката и подоцна и во римската митологија. Карактеристично за киклопот е дека има око на челото. Зборот киклоп во превод значи „тркалезно-око“.
Хесиод опишал три киклопи со едно око, Бронтс, Стеропс и Арг, синовите на Уран и Геја, браќа на Титаните, градежници и занаетчии,[1] додека поетот Хомер опишува друга група на смртни киклопи како синови на Посејдон. Други сметки беа напишани од страна на драматургот Еврипид, поетот Теокрит и римскиот поет Вергилиј. Во Теогонија на Хесиод, Зевс ослобудува три киклопи од темната јама на Тартар. Тие ги произведуваат молњите на Зевс. Исто така ги имаат произведено и шлемот на невидливоста на Хад, и тризабецот на Посејдон.
Во дел од Одисеја (напишана од Хомер), главниот јунак Одисеј се среќава со киклопот Полифем, кој е син на Посејдон, и кој живее со други киклопи во пештера близу до планината Етна. Хомер киклопите ги опишал како „арогантни безаконници“. Тоа биле сурови пастири наклонети кон ханибализам.[2] Сите други извори од литература за киклопи го опишуваат Полифем кој живеел на остров (најчесто препознаен како Сицилија од страна на античките автори) на којшто имало и други суштества. Разни антички грчки и римски автори пишувале за киклопите. Хесиод ги опишувал како три џинови кои се браќа.
Киклопот како мотив во уметноста
уреди- „Киклопи“ - песна на рускиот поет Виктор Соснора од 1963 година.[3]
Наводи
уреди- ↑ Hesiod, Theogony, 140
- ↑ Artur Koterel, Rečnik svetske mitologije, Nolit, Beograd, 1998, стр. 235.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 97.