Киевско-печерски ѕидини

Киевско-печерските ѕидини (украински: Лаврські фортифікаційні споруди) претставуваат тврдина која се наоѓа околу Киевско-печерската лавра, во Киев, Украина.

Киевско-печерски ѕидини
Лаврські фортифікаційні споруди
Општи податоци
ГрадКиев
ЗемјаУкраина
Почната1698

Ѕидините биле изградени кон крајот на 12 век, кога биле 2 метри широки и 5 метри високи. Тие ѕидини биле уништени во времето на монголската инвазија врз Киевска Рус. Долго време не се знаело за тие ѕидини, пред да бидат откриени во 1951 година.

Се смета дека во времето на инвазијата тие биле изработени од дрво, а дека во 16 век истите биле изградени. Во 1706 година, Петар Велики наредил изградба на т.н. Стара пештерска тврдина, и првите планови од таа фортификација биле направени од страна на инженер по име Гелерт. Проектот бил завршен во 1723 година, и се состоел од полукружна тврдина чии ѕидини биле 6 метри восоки.