Киевски минијатурен парк

Киевскиот минијатурен парк се наоѓа во престолнината на Украина, Киев, во Хидропарк.

Киевски минијатурен парк
Київ в мініатюрі
Парк
Земја  Украина
Општина Киев
Знаменитости Плоштад на независноста, Аеродром Бориспил, Црква Света Софија, црквата Свети Андреја

Овој мини-парк бил отворен на 23 јуни 2006 година, и има површина од 1 хектар. Во овој парк се наоѓаат 48 модели на модерни и значајни градби од градот Киев, во размер 1:33.

Едни од најпознатите мини-градби се Плоштадот на независноста, Аеродромот Бориспил, црквата Света Софија и црквата Свети Андреја.