Кефкен (турски: Kefken Adası) — остров кој се наоѓа во Црното Море во Турција. Островот се наоѓа во областа Кандира во Коџаели.

Кефкен
Kefken Adası
Географија
МестоЦрно Море
Координати41°12′58″N 30°15′40″E / 41.21611° СГШ; 30.26111° ИГД / 41.21611; 30.26111
Површина0,11 км2
Држава
Турција
ПокраинаКоџаели
Демографија
Население2,845 (2011)

Островот има површина од 21 хектар, и е околу четири пати подолг колку што е широк.

Историја

уреди

За време на грчката, римската и византиската ера, островот се викал Дафнусија (Δαφνουσία), Аполонија (Ἀπολλωνία) и Тинија (Θυνίας). Последното од овие имиња потекнува од грчкиот збор Тинос (Θύνος, во превод туна, вид на риба), а можеби и од Тини, тракиско племе кое живеело на брегот на Витинија[1]. Островот се споменува од страна на географот Клавдиј Птоломеј (5.14.1)[2] и Плиниј Постариот (5.32) и Страбон[3][4], а исто така и во Патопис од Црното Море[5] The names Thynias and Daphnusia are both given by Ptolemy, Thynias by Pliny and Strabo.[3]. Имињата Тиниј и Дафнусија ги даваат Птоломеј, Тиниј од Плиниј и Страбон.

Иако населбата на островот никогаш не достигнала ранг на град, таа станала во релативно позната фаза епархија. Тоа се случило во релативно доцна фаза, бидејќи во Synecdemus не се спомнува[3]. Во првиот во кој се појавува (Епархиски списоци или Notitiae Episcopatuum), секогаш се споменува под името Дафнусија. Грчката православна црква како маченички епископ на Дафнусија му се поклонува на одреден Саба, од кои ништо друго не е познато. Дафнусија денес е наведена од Католичката црква како титуларна епископија[6].

Во 1261 година латинската флота била ангажирана во опсадата на островот кога грчкиот цар од Никеја, Михаил VIII Палеолог, го освоил Цариград и на тој начин го ставил крај на Латинското Царство.

Во 1915 година, во близина на островотсе случила поморска битка, која завршила со руска победа над Отоманското Царство.

Тековни одлики

уреди

Долгите бранови се протегаат од островот, формирајќи безбедно пристаниште за бродовите. Светилник кој датира од 1879 година има должина од 14 морски милји, а има и помал светилник[7][8].

Може да се видат ѕидовите на тврдината од старогрчкиот и џеновскиот период и некои бунари и цистерни[9][10].

Наводи

уреди
  1. [http://www.ns1.newadvent.org/cathen/14714a.htm Siméon Vailhé, "Thynias" in Catholic Encyclopedia (New York 1915)
  2. „Η νήσος Δαφνουσία“. Εγκυκλοπαίδεια Μείζονος Ελληνισμού: Μικρά Ασία. Foundation of the Hellenic World. Архивирано од изворникот на 2013-07-31. Посетено на 2014-01-10.
  3. 3,0 3,1 3,2 Michel Lequien, Oriens christianus in quatuor Patriarchatus digestus, Paris 1740, Vol. I, coll. 629-630
  4. Raymond Janin, v. "Daphnousia" in Dictionnaire d'Histoire et de Géographie ecclésiastiques, vol. XIV, 1960, col. 82
  5. Ἀρριανοῦ Περίπλους Εὐξείνου Πόντου, 18
  6. Папски годишник 2013 (Libreria Editrice Vaticana 2013 ISBN 978-88-209-9070-1), p. 878
  7. „Kefken Adası Lighthouse“. Архивирано од изворникот на 2015-01-10. Посетено на 2018-12-10.
  8. Kefkenada (Kefken Island) Light
  9. Sergei R. Grinevetsky, Igor S. Zonn, Sergei S. Zhiltsov, Aleksey N. Kosarev, Andrey G. Kostianoy (editors), The Black Sea Encyclopedia (Springer 2014 ISBN 978-3-64255227-4), p. 403
  10. „Kısaca Kefken Adası“ (турски). kefken.com. 2006. Архивирано од изворникот на 2015-01-10. Посетено на 2015-01-10.

Надворешни врски

уреди