Кеса и Морито
Кеса и Морито - расказ на јапонскиот писател Рјуносуке Акутагава.
Содржина
уредиРасказот се состои од два дела: монологот на Кеса и монологот на Морито. Една вечер, Морито излегува со намера да го убие сопругот на својата љубовница Кеса. Притоа, тој воопшто нема ништо против сопругот, но мора да го изврши убиството затоа што ѝ ветил на Кеса. исто така, тој се плаши дека таа ќе му се одмазди, ако не го изврши убиството Во минатото, Морито бил вљубен во Кеса. Три години по нејзиното стапување во брак, тој ја сретнал и дури тогаш ја остварил дамнешната желба - да води љубов со неа. Размислувајќи за неа, Морито се преиспитува својата врска со Кеса која ја смета за грда, неморална и лоша. Истовремено, Кеса го очекува доаѓањето на Морито и размислува за својот однос со него. И таа е свесна дека Морито не ја сака, па дури мисли дека таа е грда. Кеса се кае за својата прељуба и сака да умре, зашто само така ќе ја спаси честа на својот сопруг. Затоа, нејзиниот план е да го пречека Морито, кој треба да ја убие, мислејќи дека го убива нејзиниот сопруг.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Kesa i Morito“, во: Riunosuke Akutagava, Rašomon. Beograd: Plavi krug; Zemun: Neven, 2003, стр. 203-212.