Керечки јазик
Керечкиот е чукотски јазик, дел од јазичното семејство на чукотско-камчатски јазици. Јазикот е најсроден со корјачкиот јазик. Покрај него, сличен со керечкиот е чукчискиот јазик.
Керечки јазик | |
---|---|
Застапен во | Русија |
Подрачје | Автономен округ Чукотка |
Народ | Кереци |
Јазично семејство | чукотско-камчатски
|
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | krk |
Статус
уредиСпоред податоците од 1997 година, јазикот го зборувале само двајца луѓе. Во 2005 година, јазикот бил прогласен за мртов.[1] Сепак, според пописот во Русија од 2010,[2] јазикот го зборувале 10 луѓе. Сепак, се верува дека овие луѓе или делумно го знаеле јазикот, не им бил мајчин или пак биле етнички Кереци. Во 20 век сите Кереци биле асимилирани од Чукчијците. Денес сите народи во Рускиот Далечен Исток воглавно зборуваат руски.
Наводи
уреди- ↑ Fortescue, Michael 2005. Comparative Chukotko-Kamchatkan Dictionary. Berlin / New York: Mouton de Gruyter.
- ↑ „2010 census“. Архивирано од изворникот на 2021-10-06. Посетено на 2013-01-04.