Кензингтонска палата

(Пренасочено од Кензингтонски дворец)

Кензингтонска палата (англиски: Kensington Palace) е палата која се наоѓа во Кензингтон, Лондон, Англија. Оваа палата е една од повеќето резиденции на англиското кралско семејство.

Кензингтонска палата
Kensington Palace
Поглед кон палатата
Карта
Општи податоци
ГрадКензингтон, Лондон
ЗемјаАнглија, Велика Британија

Овој имот бил купен од страна на кралот Вилијам III. Главен архитект бил Кристофер Рен. Во 1694 година во оваа палата починала неговата сопруга Марија II Стјуард. По неколку години, во овој објект присуствувал рускиот цар Петар Велики, како во официјална посета на кралството. Во времето на кралицата Ана бил изграден паркот околу палатата. Првите владетели од Хановерската династија исто така ја претпочитале оваа палата пред палатата Свети Јаков.

Во оваа палата се родила идната кралица Викторија. Принцезата Дијана исто така живеела во овој комплекс, од 1991 година до нејзината смрт во 1997 година.