Квинтеро (шпан. Quintero) е име на две марки на висококвалитетни пури, една кубанска (Хабанос СА, државната фирма за пури, а друга од никарагвански и хондурски тутун (Алтадис).

Логото на Квинтеро и Херманос

Историја

уреди

Се верува дека марката била основана како Квинтеро и Херманос во Сиенфуегос, Куба во 1924, истата година кога Агустин Квинтеро ја изградил неговата фабрика за пури. Веќе во 1940-тите, Квинтеро била важна извозна марка која се продавала особено добро на шпанскиот пазар.

Производството продолжило низ револуцијата, но од 1970-тите до крајот на 1990-тите, Квинтеро се претворила од рачно-изработена марка во марка со само 6 модели на машински изработени и/или рачно-довршени пури. Но и покрај ова, Квинтеро ја има задржано својата популарност кај шпанските љубители и се разликува од останатите по тоа што е единствената глобална машински-произведена марка која ја нуди Хабанос СА.

Квинтеро произведуваат и три машински-изработени цигариљоси: Mini, Club и Purito.

Во последниве години, Алтадис го има користено името „Квинтеро“ за нивната линија на никарагванско-хондурски пури за американскиот пазар.

Витоли на кубанскиот Квинтеро

уреди
 
Кутии пури од марката Квинтеро

Ова е список на витоли (големини) во рамките на производната линија на Квинтеро, со нивните големини во англиски и метрички единици, нивните vitolas de galera (фабрички имиња), и нивните конвенционални имиња во американскиот жаргон за пури.

Машински-изработени и рачно-довршени витоли

  • Breva - 5 1/2" x 40 (140 x 15.87 mm) Nacional, корона
  • Nacional - 5 1/2" x 40 (140 x 15.87 mm) Nacional, корона
  • Panetela - 5" x 36 (127 x 14.29 mm) Veguerito, кратка панетела
  • Londres Extra - 4 7/8" x 40 (123 x 15.87 mm) Standard, пети корона
  • Purito - 4 1/8" x 29 (106 x 11.51 mm) Chico, цигариљо

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди