Катедрална црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Струмица
Католичката црква Успение на Пресвета Богородица — македонска католичка црква од византиски обред која се наоѓа во Струмица, Македонија.
Успение на Пресвета Богородица | |
---|---|
Катедрална црква „Успение на Пресвета Богородица“ | |
Поглед кон црквата | |
Место | Струмица |
Земја | Македонија |
Вероисповед | католицизам |
Архитектура | |
Завршена | XX век |
„Катедрална црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Струмица“ на Ризницата ? |
Историја
уредиЦрквата “Успение на Пресвета Богородица„ е изградена во 1925 година од монсињор отец Атанасие Иванов[1]. Првата литургија е служена на празникот Велики Четвток истата година, а неколку месеци подоцна, во јуни 1925 година црквата била благословена од владиката Дионизиј Њаради. Од страна на папата Јован Павле II, оваа парохиска црква, на 1 мај 2001 година, е прогласена за Катедрална црква на Апостолскиот егзархат во Македонија. За нејзин прв егзарх е именуван епископот д-р Јоаким Хербут. Во текот на своето постоење црквата е повеќепати обновувана, а денешниот изглед го добила по неколкугодишното обновување започнато во 2002 година.[1]
Оваа статија за црква или сличен христијански објект е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- ↑ 1,0 1,1 „Католичка катедрала "Успение на Пресвета Богородица" - Струмица“. web.archive.org. 2014-05-17. Архивирано од изворникот на 2014-05-17. Посетено на 2021-04-13.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)