Атанасие Иванов
Атанасие Иванов (или Атанас Иванов) ― католички свештеник од источен обред и парох и основач на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица.[1]
Атанасие Иванов | |
---|---|
Роден(а) | роден на 24 март, 1883 |
Починал(а) | починал на 11 април 1973 |
Познат(а) по | посветеноста кон и придонесот во развојот на католицизмот од источен обред во Македонија |
Биографија
уредиАтанасие Иванов е роден на 24 март 1883 година во унијатско семејство во село Алексово, Кукушково тогашната Отоманска империја. Во Солун завршил три години богословско училиште и на 2 јули 1910 година владиката Епифанј Шанов го ракоположува за свештеник и бил поставен за управител на црквата „Свети Антониј“ во село Лелево.[1] За време на Втората балканска војна, во јули 1913 година, кога грчката војска упаѓа во градот Кукуш, тој, зедно со неговото семејство и група верници од источно католичка вероисповед бегаат од Кукушко кон Софија, Р. Бугарија, каде се згрижени од бугарскиот архиепоскоп Роберт Менини во локалното католичко училиште.[2] Бидејќи најголемиот дел од неговите верници се преселиле кон Струмичко, на 10 март 1914 година се сели и тој во село Нова Мала, струмичко, каде ја основа парохијата „Успение на Пресвета Богородица“. На 18 јануари 1923 година се сели во Струмица, а на 29 јули 1924 тогашниот владика на крижевската епархија Дионизиј Њаради, со декрет број 849, отец Атанасие Иванов го именува за водител на источно католичката заедница во Струмица[1]. Таа година литургиите ги служи во мала капела во неговиот дом, сè до почетокот на 1925 година кога завршила градбата на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица. Прв парох во оваа енорија бил отец Атанас Иванов, кој на 22 февруари 1962 г. деканот на Деканатот св. Кирил и и Методи, архиепископот д-р Габриел Букатко, го именувал монс. Атанас Иванов за парох и декан во Струмица, кој останал на таа позиција до својата смрт, односно до 11 април 1971 година.[3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Католичка катедрала "Успение на Пресвета Богородица" - Струмица“. web.archive.org. 2014-03-04. Архивирано од изворникот на 2014-03-04. Посетено на 2021-04-13.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Елдъров, Светлозар. „Католиците в България - Историческо изследване“ (PDF). Посетено на 13.04.2020. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Историско-правен развој на Католичката Црква од Византиско-Словенски обред во Македонија. 1995. На
|first=
му недостасува|last=
(help)