Катедрала „Народен спас“

катедрала во Букурешт, Романија

Народен спас (романски: Catedrala Mântuirii Neamului Românesc) е катедрала која треба да биде изградена во Букурешт, Романија[1]. Нејзин архитект ќе биде Јоан Аугустин. Идеја за изградба на оваа црква произлегла уште за време по првата светска војна, кога биле направени и првите скици и проекти на црквата. Но за време на комунизмот, немало начин овој објект да биде изграден. По 1989 година повторно произлегла идејата за изградба на оваа црква. Но проектот бил одбиен од поголемата маса во Романија вклучувајќи ги и црковните лица кои тврделе дека оваа инвестиција би чинела многу скапо, и дека било потребно да се обрне повеќе внимание за реконструкција на останатите цркви кои за време на комунизмот биле напуштени.

Катедрала „Народен спас“
Поглед кон црквата
Основни податоци
МестоБукурешт, Романија
Координати44°25′34″N 26°4′56″E / 44.42611° СГШ; 26.08222° ИГД / 44.42611; 26.08222
Припадностхристијанство
Архитектонски опис
Архитектонски типцрква

Конечно во 2006 година било земено решение за изградба на оваа катедрала. Нејзината конструкција ќе чини над 8 милиони €.

Наводи

уреди
  1. Sorin, Ionițe (12 April 2019). „Oficiul de Stat pentru Invenții și Mărci (OSIM): Catedrala Națională sau Catedrala Mântuirii Neamului – M04409 emisă în data de 03 noiembrie 2016“. Romanian Patriarhate (Basilica.ro) (романски).