Катедрала Свети Александар Невски (Москва)
За други значења на поимот, погл. Александар Невски .
Катедралата Александар Невски (руски: Александро-Невский собор) е катедрала која се наоѓа во Москва, Русија. Овој верски објект е најголемиот од серијата на катедрали кои биле изградени во Царска Русија, и кои биле посветени на Александар Невски. Главни архитекти за проектот биле Александар Померанцев и Виктор Васнецов. Објектот бил изграден во 1861 година[1].
Слика од црквата од 1927 година од филмот Третья Мещанская |
По Руската револуција, Советите долго време мислеле дали да ја реконструираат црквата во радио центар[2]. Таа била најголемата црква во градот по црквата посветена на Исус Христос Спасителот. Сепак, во 1952 година катедралата била разрушена. Во 1960 година на нејзино место бил изграден хотел.[3]
Наводи
уреди- ↑ http://www.pravoslavie.ru/arhiv/050303111601.htm
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-08-27. Посетено на 2010-10-08.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-05-15. Посетено на 2010-10-08.