Катаја
Катаја (швед. Kataja) е островче јужно од Хапаранда во округот Норботен, Шведска. Зафаќа површина од 0,71 км2, со димензии од 2 км во должина и 200–500 м во ширина. Местоположбата му е 65° 43′ 0″ СГШ, 24° 10′ 0″ ИГД.
Островот е поделен помеѓу Шведска и Финска. Границата е повлечена во 1809 низ водната површина помеѓу тогашните два острова - поголемиот шведски остров Катаја и помалиот фински остров Инакари (фин. Inakari). Со текот на времето островите се споиле благодарение на поледничкото издигање на тлото.
Поврзано
уредиОваа географска статија за Шведска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија место во Финска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |