Географија на Финска

Финска е држава која се наоѓа во североисточна Европа.

Географски координати :

Граници

уреди

Вкупната површина на земјата изнесува 338.145 км2, и според тоа се наоѓа на 63 место по големина во светот. Финска е заобиколена со Балтичкото Море на југозапад, Финскиот Залив на југоисток и Ботнискиот Залив на запад. На копно, Финска се граничи со Шведска, Норвешка и Русија, а по вода се граничи и со Естонија.

Главниот град Хелсинки е најголемиот во државата со околу 600.000 жители.

Население

уреди

Според пописот, вкупното население во Финска е околу 5.244.858 жители. Густината на населеноста е 17/км2 жители на квадратен километар.

Клима

уреди

Околу 3/4 од територијата на Финска е покриена со планини. Во јужниот и северниот дел планините се со борски двра, даб, јавор и други.

Просечната јулска температура е 16 °C, а во февруари -9 °C. Количината на снежни и дождливи врнежи е 460 мм на север и 710 на југ. Со слаб снег земјата е покриена околу пет месеци годишно во јужна Финска и до седум месеци во Северна Финска.

За Финска се зборува дека е земја на водите. Различни се податоците околу бројот на езера во Финска, но тој број е околу 60.000 езера. Најголемо езеро е Сајма со 1.800 м2. Други важни езера се Пајане, Кали, Ори и Инари. Максималната длабочина на Инари е 60 метри. Според некои податоци, езерото има околу 3000 острови, а површината на акваторијата е 1.000 m². Најголема река е Боуксен.