Каситски јазик
Каситски јазик бил јазик што го зборувале каситите во северна Месопотамија. Јазикот се зборувал сè до 4 век п.н.е. Во периодот од 16 до 12 век п.н.е. со Месопотамија владееле кралеви од каситско потекло и тогаш јазикот бил во најголем подем. Тие владееле сѐ додека не биле заменети од еламитите. Каситите во Вавилон најчесто го користеле акадискиот јазик. Малубројни траги од каситскиот јазик можат да се забележат како на пример: каситско-акадиски речник, имиња на бои, список на лични имиња, имиња на коњи. Поради малубројните записи на каситски јазик, не може да се анализира граматиката на каситскиот јазик. Генетичката поврзаност на каситскиот јазик со останатите јазици не е сосема јасна. Јазикот не бил ниту индоевропски ниту семитски. Поради тоа двоумење јазикот е сместен во групата на јазични изолати.
Каситски јазик | ||
---|---|---|
Зборуван во: | Вавилон, Месопотамија | |
Регион: | Југозападна Азија | |
Исчезнување: | 4 век | |
Јазично семејство: | изолирани Каситски јазик | |
Јазични кодови | ||
ISO 639-1: | нема | |
ISO 639-2: | ||
ISO 639-3: | — |