Карпош (населба во Битола)
Населбата Карпош се наоѓа во источниот дел на Битола, во близина на градското поле. На југ е споена со населбата Боримечка, а на исток излегува на железничата пруга Битола - Лерин, а додека на север се граничи со населбата Кланица. Населбата се состои од 11 згради. Зградите во Карпош се: Првата зграда, Третата зграда, Четвртата зграда, Петтата зграда, Шестата зграда, Седмата зграда, Осмата зграда, Деветтата зграда, Десеттата зграда, Единаесеттата зграда, и Дванаесетта зграда. Втората зграда не постои.
Адресите во Карпош (во зависност на зградата) се или во формат каде што се кажува број на зграда, па број на влез, па број на стан (пр. 2/2-2), или се кажува во формат број на зграда па број на стан (пр. 2/22). Зградите имаат или три или шест влезови во зависност од зградата. Сите згради имаат шест спратови. Во влезовите има три или четири станови на спрат во зависност од зградата. Тоа знаци дека има осумнаесет или дваесет и четири станови во секој влез.
Во Карпош има еднособни станови (кои ретко се среќаваат), двособни станови и трособни станови. Еднособните станови имаат ходник, тоалет, дневна соба и кујна (во една соба), и спална соба. Двособните станови имаат ходник, тоалет, дневна соба, кујна, и спална соба. Трособните станови ги имаат истите соби од двособните, со плус детска соба.
Во Карпош има централна вентилација која во последните години има предизвикано повеќе пожари.
Има училиште (ОУ "Коле Канински" - Битола), градинка (м-р Вангел Мајорот), повеќе продавници (Маркет Св. Тома и Сан Груп), и повеќе други потребни бизниси, како вулканизер, пошта итн.
Населението брои околу 1000 жители.
Оваа статија поврзана со Битола е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |