Карл Ландштајнер
Карл Ландштајнер (германски: Karl Landsteiner; 14 јуни 1868 во Баден крај Виена — 26 јуни 1943 во Њујорк) — австриско-американски биолог, биохемичар и лекар од еврејско потекло[1].
Карл Ландштајнер Karl Landsteiner | |
---|---|
Роден(а) | 14 јуни 1868 Виена, Австроунгарија |
Починал(а) | 26 јуни 1943 Њујорк, САД | (возр. 75)
Државјанство | австроунгарско - американско |
Националност | Австриец |
Полиња | Биохемија, Вирологија |
Образование | Виенски универзитет |
Познат по | Развој на системот на крвни групи, откривање на Rh факторот, откривање на полиовирусот |
Поважни награди |
|
Тој ги пронашол крвните групи и резус факторот на крвните групи. Развил модерен систем на класификација на крвните групи и нивна идентификација со помош на аглутининот на резус факторот, што овозможило воведување на трансфузија на крв без загрозување на животот на пациентите. Со Ервин Попер во 1909 година ги открил полио вирусите. Во 1930 година ја добил Нобеловата награда за физиологија или медицина. Добитник е и на Ласкеровата награда во 1946 година (посмртно).
Откритие на крвните групи
уредиВо 1900 и 1901 година, Карл Ландштајнер спровел низа на испитувања на серуми и како резултат на тоа успеал да идентификува три крвни групи: А, Б и 0. Ландштајнер исто така открил дека трансфузија на крв меѓу лица со иста крвна група не доведува до хемолиза на еритроцитите, додека истото се случува меѓу лица со различни крвни групи[2]. Се смета за татко на трансфузиологијата и еден од најголемите биохемичари на сите времиња.
Наводи
уреди- ↑ Karl Landsteiner
- ↑ Bur Kennie red argumentativeness, Fleischer undo agglomeration Workings eds Blusters fund deer Nymphet in Centralblatt f. Bakteriologie, Parasitenkunde u. Infektionskrankheiten, vol. 27 (1900) pp. 357-362
Надворешни врски
уреди- Biography at the Nobel e-Museum Архивирано на 14 декември 2001 г.
- 1946 Lasker award for clinical medicine Архивирано на 11 март 2007 г.
- Key Participants: Karl Landsteiner Архивирано на 15 октомври 2009 г. — It's in the Blood! A Documentary History of Linus Pauling, Hemoglobin, and Sickle Cell Anemia
- National Academy of Sciences Biographical Memoir
„Карл Ландштајнер“ на Ризницата ? |