Каприје

остров во Хрватска

Каприје (хрватски: Kaprije; италијански: Capri di Dalmazia) е остров во хрватскиот дел на Јадранското Море. Се наоѓа во архипелагот Шибеник. Има површина од 7,11 км2[1] и население од 189 луѓе,[2] во истоимената единечна населба на островот. Островот е составен од ридови поделени со попречни и надолжни долини каде растат треви и редок борови шуми.[3] Таму се одгледува грозје и маслинки.[4] Главните индустрии се земјоделството, риболов и туризмот. Автомобилите не се дозволени на островот.

Каприје is located in Хрватска
Каприје
Каприје
Местоположба на островот Каприје на картата на Хрватска.
Сателитска слика на Каприје

Во 14 и 15 век, островот припаѓал на благородни семејства од Шибеник. За време на османлиските освојувања во 16 и 17 век, островот бил населен со бегалци од копното. Околу тоа време, на островот била изградена црквата „Свети Петар“.

Наводи

уреди
  1. Duplančić Leder, Tea; Ujević, Tin; Čala, Mendi (јуни 2004). „Coastline lengths and areas of islands in the Croatian part of the Adriatic Sea determined from the topographic maps at the scale of 1 : 25 000“ (PDF). Geoadria. Задар. 9 (1): 5–32. doi:10.15291/geoadria.127. Посетено на 18 јули 2020.
  2. Statistical Yearbook of the Republic of Croatia 2017 (PDF) (хрватски и англиски). Zagreb: Croatian Bureau of Statistics. декември 2017. стр. 45. ISSN 1333-3305. Архивирано од изворникот (PDF) на 13 November 2018. Посетено на 23 мај 2018.
  3. (хрватски) Kaprije on infoadriatic.com Архивирано на 12 јули 2012 г.
  4. (хрватски) First Croatian online peljar

Дополнителна литература

уреди