Капингамаранги е атол и општина во сојузната држава Понпеј во Микронезија. Овој е најјужен атол во земјата и во Каролинските Острови. Атолот е оддалечен 300 км од соседниот атол Нукуоро и 740 км југозападно од Понпеј. Вкупната површина на атолот, заедно со лагуната, е 74 км2, од кои само 1.1 километар квадратен е копно. Атолот е составен од 33 мали островчиња кои се покриено со шума. Западниот гребен е под вода.

Сателитска снимка на атолот.

Население

уреди

Капингамаранги има население од околу 500 жители според податоците од 2007 година. Неколку стотици Капингамаранци живеат во селото Поракиед на Понпеј. Капингамарангискиот јазик е полинезиски јазик. Главно занимање на населението е риболовството.[1] Островчето Тоухоу е административен центар на општината, демографиски центар.

Наводи

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

1°4′N 154°47′E / 1.067° СГШ; 154.783° ИГД / 1.067; 154.783