Нукуоро
Нукуоро е атол во сојузната држава Понпеј во Микронезија.
Географија
уредиАтолот е една од општините во државата. Заедно со Капингамаранги, двата атола се најјужни предели на Микронезија. Нукуоро има население од 372 жители според податоците од 2007, но неколку стотици Нукуороанци живеат и на островот Понпеј. Вкупната површина на атолот, заедно со лагуната, е 40 км2, а само 1.7 километри квадртани е копно. Атолот е составен од над 40 мали островчиња. Најголемо островче е Нукуоро, каде се наоѓа најголемиот дел од населението, а воедно е и седиште на општината. Пречникот на лагуната е 6 километри. Главни занимања на населението се риболовството и земјоделството. Атолот е оддалечен од останатите острови, таму нема писта и организираните патувања со бродови се поретки. На атолот туризмот не е развиен. До 14 годишна возраст децата учат во локалните училишта, а подоцна се преселуваат во Понпеј. Населението зборува на нукуороански јазик, кој е сличен со капингамарангиски јазик. Двата јазика се полинезиски јазици и поврзани со токелауански јазик.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Сателитска снимка од НАСА Архивирано на 22 септември 2008 г.
- Карти за Нукуоро
- Топоними на Нукуоро
3°50′54″N 154°56′27″E / 3.84833° СГШ; 154.94083° ИГД
Оваа статија СД Микронезија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |