Капама
Капама – вид вариво, обично од јагнешко месо, со зеленчук и зачини.[1] Ова е традиционално пролетно јадење најчесто се подготвува за велигденските празници. Вообичаено се подготвува со спанаќ и ориз, но можни се и други варијанти, на пример со лозови лисја.
Капама со јагнешко на турски начин | |
Дел од оброкот | главен оброк |
---|---|
Место на потекло | Балкан |
Температура на послужување | топло |
Главни состојки | јагнешко месо, вода, разен зеленчук, зачини |
Варијанти | со јунешко, со пилешко |
Постојат варијанти со телешко, јунешко и пилешко месо.
Рецепт
уредиЕден килограм јагнешко месо со коска (од врат или плешка) се става во тенџере, се покрива со вода и се вари додека месото не почне да паѓа од коските.
Пола килограм спанаќ се мие и се чисти од дршките. Еден врзоп млад кромид се сече на кругови заедно со дел од зелените перца. Четири чешниња лук малку се столчуваат. Лисјата од спанаќот се ставаат во керамичка тава, се додава едно филџанче ориз, сол и црн пипер по вкус, половина лажичка црвен пипер и една коцка супа (се рони). Се прелева со неколку лажици од врелата вода во која се варело месото за да завени спанаќот, па се промешува. Одозгора се распоредува месото. Во посебно тава се запржува кромидот и лукот со 8 лажици масло, па се прелева преку тавата. Се пече во загреана рерна на 180 до 190 oС со повремено промешување. Се пече околу 2 часа додека течноста скоро целосно испари, а содржината на тавата стане мека да се топи в уста. При крајот не се меша за да се фати коричка по површината. Се служи со кисело млеко.[2]
Наводи
уреди- ↑ „капама“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Капама на семрежното место на Моите рецепти