Ендербери (кирибатски и англиски: Enderbury) или Гвано, е мал ненаселен атол во Кирибати. Атолот е дел од Островите Феникс и се наоѓа 63 километри југоисточно од острвот Кантон. Атолот е широк 1.6 километри и долг 4.8 километри. Околу островот има гребен кој се протега на од 60 до 200 метри. Во периодот од 1939 до 1979 година атолот бил дел од заедничката, американско-британска колонија, Кантон и Ендербери. Денес атолот е дел од Кирибати.

Сателитска снимка на Ендербери.
Карта на Островите Феникс.

Историја

уреди

Островот бил „откриен“ во 1823 година од капетан Џејмс Кофин. Островот е именуван во чест на Самуел Ендербу, кој бил сопственик на китоловна компанија. Зборот „Ендербери“ (Enderbury) е погрешно напишан. Американците стигнале на островот за да ископуваат гвано (ѓубриво од птици). Американците заминале во 1877 година, а дошле Британците кои не биле успешни во ископувањето. Во 1939 година и Велика Британија, и Америка тврделе дека островот е нивен. Тоа резултирало со создавање на заедничка управувачка единица наречена Кантон и Ендербери.

Наводи

уреди
  • Bryan, Edwin H.: American Polynesia : coral islands of the Central Pacific; Honolulu, Hawaii 1941
  • Skaggs, Jimmy M.: The great guano rush : entrepreneurs and American overseas expansion; New York, NY : St. Martin's Pr., 1994 ISBN 0-312-10316-6

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

3°08′S 171°05′W / 3.133° ЈГШ; 171.083° ЗГД / -3.133; -171.083