Камила Хорн (од 25 април 1903 до 14 август 1996) била германска танчерка и филмска ѕвезда од немиот и звучниот период. Таа глумела во неколку холивудски филмови кон крајот на 1920-тите и во неколку британски и италијански продукции.

Камила Хорн

Животопис

уреди

Родена е како ќерка на државен службеник, Хорн се школувала за костимограф и работела во Ерфурт. Во 1925 година, заедно со Марлен Дитрих, таа работела како статист во германскиот филм Госпоѓата не сака деца. Таа направила голем чекор напред во 1926 година, кога ја заменила Лилијан Гиш како "Гретхен" во продукцијата на Фридрих Вилхелм Мурнау во Фауст.

Во 1928 година таа патувала за Холивуд, каде што играла заедно со Џон Беримор во Бура и Вечна љубов. Таа се вратила во Европа, а во 1930-тите одбила да ја следи официјалната линија на нацистите и била осудена со парична казна. По војната, британскиот трибунал во Делменхорст ја осудил за помали прекршоци (меѓу кои патување без дозвола) и три месеци била затворена во женскиот затвор во Вехта.

Од 1930 до нејзиното пензионирање во 1953 година, таа останала омилена во германските, британските и италијанските филмови, а подоцна во животот, таа била поканета да се врати на екранот во 1987 г. во филмот Шлос Конигсвалд. Таа ја поминала својата старост во Хершинг и умрела во Гилхинг во близина на Штарнберг, каде што живеела во последната година од својот живот.

Помеѓу април 1972 г. и февруари 1973 г. за неа била напишана песна од тогаш непознатиот Брус Спрингстин. За оваа сè уште неиздадена песна се дознало дури во 1990-тите години.[1]

Награди

уреди
  • 1987 Баварски филмски награди, за најдобра глумица [1]

Филмографија

уреди

Наводи

уреди
  1. Springsteen: Saint In The City: 1949-1974 by Craig Statham.

Надворешни врски

уреди