Каложска црква или црква „Св. Борис и Глеб“ (белоруски: Каложская царква, Царква Св. Барыса і Глеб) — најстарата зачувана зграда во Гродно, Белорусија. Тоа е единствениот сочуван споменик од древната црнорутенска архитектура, кој се издвојува од другите православни цркви поради обилната употреба на полихромен фасетиран камен со сина, зелена или црвена боја што може да се наредени во облик на крстови или други фигури на ѕидот.

Каложската црква

Архитектура

уреди
 
Внатрешноста на црквата украсена за венчавка

Црквата е крсто-куполна градба, што ја потпираат шест кружни столбови. Однадвор е артикулирана со испакнати пиластри, кои имаат заоблени агли, како самата градба. Во поткровјето на наосот се наоѓа певница, до која се пристапува по тесно скалиште на западниот ѕид. Во ѕидовите на страничните апсиди се откриени уште два скалила чија намена не е јасна. Подот е покриен со керамички плочки кои образуваат украсни шари. Внатрешноста била обложена со безброј вградени врчви, кои вообичаено во православните цркви служат како резонатори, но во овој случај биле направени за добивање украсни ефекти. Заради оваа причина, средишниот дел на коработ никогаш не бил насликан.

Историја

уреди

Црквата била изградена пред 1183 година и останала недопрена, прикажана од Михал Кулеша во 1840-тите, до 1853 година, кога се урнал јужниот ѕид, заради неговата опасна положба на високиот брег на Неман. Во текот на реставраторските работи, некои фрагменти од фреските од 12 век биле откриени во апсидите од историчарот на архитектура Василиј Гријазнов. Остатоци од уште четири цркви во ист стил, украсени со врчви и шарени камења наместо фрески, биле откриени во Гродно и Вавкависк. Сите потекнуваат од почетокот на 13 век, како и остатоците од првиот камен дворец во Стариот замок Гродно.

Во 2004 година црквата била додадена на пробниот список на светско наследство на УНЕСКО.[1]

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди