Калист I Цариградски

Калист I Цариградски (починал 1363) — Вселенски патријарх на два периоди од јуни 1350 до 1353 година и од 1354 до 1363 година. Калист I бил монах од Света Гора и поддржувач на Григориј Палама. Починал во Цариград во 1363 година.

Живот

уреди

Ништо не се знае за младоста на Калист. Тој бил ученик на Григориј Палам и Григориј Синајски. Тој живеел како аскет на Света Гора во Маголски скит на Филотскиот манастир 28 години. Тој исто така го основал манастирот Св. Мам на Тенедос, мал остро во близина на Дарданели.

Патријахат

уреди

Калист бил избран за патријарх во јуни 1350 година, наследувајќи го Исидор I. Во 1351 година, тој свикал синод во Цариград кој конечно го воспоставил православниот исихизам.

Калист I и вселенските патријарси кои го наследиле спровеле строга кампања за прифаќање на паламиската доктрина од останатите православни патријарси и сите митрополити кои биле под нивна јурисдикција. Сепак, било потребно време за да се надмине отпорот на доктрината.

Еден пример за отпор бил одговорот на митрополитот Киевски кој, откако ги примил томосите од Калист за паламската доктрина, ја одбил истата и напишал одговор со кој ја побивал доктрината.

Според Мартин Џаџи, современиците го опишуваат Калист како „доктринист и насилен човек, чија ревност за гонење била потребно да се сопре.“[1]

Во 1353 мгодина, Калист одбил да го круниса Матеј Кантакузин, син на царот Јован VI, како цар со својот татко, и како резултат на оваа негова одлука бил расчинет. По неговото расчинување Калист се вратил на Света Гора. Во 1354 година, отакако Јован VI абдицирал, Калист се вратил како патријарх. По неговото враќање, Калист работел на зацврстување на администрацијата во патријархатот. Тој го реорганизирал парохискиот систем на цркви под надзор на патријархален егзарх. Тој исто така се стремел да ја засили парохијалната контрола над разните православни цркви, дури до тој степен што го екскомуницирал Стефан Душан, поради воспоставувањето на архиепископ на независната патријаршија.

Во 1355 година, Калист му пишал на свештенството во Трново дека сите латини кои биле крстени со едно потопување треба повторно да бидат крстени. Сметал дека крстењето само со едно потппување њ несоодветно и полно со безбожност. Неговото гледиште било засновано на апостолските канони во кои се тврдело дека крстењето само со едно потопување не е крстење и потребно е да се изврши ново крстење.

Смрт

уреди

Калист починал во 1363 година додека бил на пат за Сер како член на пратеништвото на царот Јован V барајќи помош од Елена Бугарска, царица на Србија против Отоманското Царство. Треба да се забележи дека Св. Максим Капсокаливиски ја предвидел смртта на Калист. На својот пат кон Србија, Калист патувал низ Света Гора. Кога го забележал, Св. Максим рекол, „овој старец никогаш повеќе нема да го види своето стадо бидејќи зад него се слуша посмртна песна: Благословени се неизвалканите на патот“ (Псалм 119:1).

Наводи

уреди
  1. Jugie, Martin. „The Palamite Controversy“. Посетено на 2010-12-28.

Поврзано

уреди
Духовни титули
Претходник
Исидор I
Филотеј I
Цариградски патријарх
1350–1354
1355–1363
Наследник
Филотеј I
Филотеј I