Калин Камен (рели)
За други значења на поимот, погл. Калин Камен (појаснување).
Калин Камен (познато и како Туристичко рели „Калин Камен“) — манифестација која од 2009 година се одржува по иницијатива на оф–роуд возачите, а во организација на Општина Крива Паланка и Здружението на граѓани Авто мото клуб „Офф Роад Осогово“. Релито, традиционално, се одржува на 24 мај, во чест на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.[1]
Манифестацијата има ревијален карактер. Должината на патеката е 64 километри,[2] а 80 отсто од неа се одвива на неасфалтиран пат. Висинската разлика помеѓу најниската и највисока точка - Царев Врв (2.085 метри надморска височина) е 1.500 метри. Патеката започнува на плоштадот во Крива Паланка, поминува низ прекрасните предели на Осоговските Планини, а се протега низ следниве предели:
- Крива Паланка → Мождивњак → Острец → Бари → Костадиница → Бабина чешма → Царев Врв (2085м) → Алтн чешма → Калин Камен → Езеро → манастир „Св. Јоаким Осоговски“ → Крива Паланка.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Официјално мрежно место на Рели „Калин Камен“ Архивирано на 20 август 2012 г.