Калиник III Цариградски
Калиник III Цариградски — Вселенски патријарх во период од еден ден во 1726 година.
Калиник III Цариградски | |
---|---|
Цариградски патријарх | |
Црква | Цариградска патријаршија |
Избран | 19 ноември 1726 |
Службата завршила | 20 ноември 1726 |
Претходник | Еремија III |
Наследник | Пајсиј II |
Лични податоци | |
Починал | 20 ноември 1726 Цариград |
Претх. служба | митрополит во Ираклија |
Живот
уредиКалиник по потекло бил од островот Наксос и пред да биде избран за патријарх тој бил митрополит во Ираклија.
Кога патријархот Еремија III бил расчинет на 19 ноември 1726 година, Калиник бил избран за патријарх истиот ден, но починал ноќта во својот дом пред да застане на престолот,[1] најверојатно од срцев удар поради изборот за патријарх.[2]
Сумата која требал да ја плати на султанот за неговото назначување била најголемата некогаш одредена и изнесувала 36.400 гроша.[2] Високите суми за наначување кои морале да бидат платени од црквата се должеле на фактот што султаните биле алчни и поради кавгите кои постоеле во христијанската заедница што доведувало брзи промени и преназначувања на патријарсите. Поради скандалот со толкава сума на пари потрошена за еден ден ситуацијата се подобрела со помали давачки и подолги владеења.[2]
Наводи
уреди- ↑ Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 41,47. ISBN 978-1-4344-5876-6.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Runciman, Steven (1985). The Great Church in captivity. Cambridge University Press. стр. 202. ISBN 978-0-521-31310-0.
Претходник Еремија III |
Цариградски патријарх 1726 |
Наследник Пајсиј II |
Оваа статија поврзана со православен епископ е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |