Кале (Стрежево)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Кале“
| |
Местоположба | 41°8′12″N 21°11′16″E / 41.13667° СГШ; 21.18778° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Стрежево |
Општина | Битола |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Кале — археолошко наоѓалиште во битолското село Стрежево. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 4800 м северно од селото, на височинка што доминира над десниот брег на реката Шемница, каде при заштитното ископување извршено во 1979 година од Заводот и музеј во Битола се пронајдени остатоци од утврдена населба, некропола и старохристијанска базилика со мозаичен под. За одбележување е наодот од богато депо на железни орудија, како и монети од Јустинијан. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]
Поврзано
уреди- Долна Црква — црква и некропола од непознат период;[2]
- Пусти Манастир — наоѓалиште од непознат тип и период;[2]
- Стрежево;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ 2,0 2,1 Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678