Како пропадна рокенролот
„Како пропадна рокенролот“ (српски: Како је пропао рокенрол) — југословенски филм од 1989 година во режија на Зоран Пезо, Владимир Славица и Горан Гајиќ. Главните улоги ги играат: Срѓан Тодоровиќ, Велимир Бата Живојиновиќ, Соња Савиќ, Бранимир Брстина, Аница Добра, Бранко Ѓуриќ Ѓуро, Весна Тривалиќ, Богдан Диклиќ итн.[1]
Синопсис
уредиПрва приказна: „До изворот две патеки“. Момчето Кома докажува дека сè може да направи подобро до татко му, дури и притоа да биде принуден да стане нинџа. На крајот од приказната се открива кој ја мрази новокопмонираната народна музика.
Втора приказна: „Не е сè во љубовта, има нешто и во парите“. Дракула повторно страда, но овојпат не од глогово колче, од сребрен куршум или од крст, како во другите филмови, туку една русокоса девојка успева да му го прекине вечниот живот без помош на изгрејсонцето.
Трета приказна: „Не праќај ми писмо“. Ева шие, а Ѓуро свири, а на двајцата не им дава мир едно писмо. Не само што не се зна кој го напишал, туку и кому му е упатено. Кога сето тоа ќе се дознае, можеби ќе биде доцна за Ева и за Ѓуро.