Каиновиот знак (филм)
„Каиновиот знак“ (српскохрватски: Kainov znak) — југословенски тв-филм од 1970 година, во режија на Иван Хетрих (Ivan Hetrich), снимен по сценариото на Федор Видас. Улогите ги играат: Тонко Лонза, Раде Шербеџија, Хермина Пипиниќ, Изет Хајдархоџиќ, Драган Миливојевиќ и Боривој Шембера.[1]
Синопсис
уредиВо центарот на Загреб е извршен вооружен грабеж со убиство. Тој настан има важни последици врз необичниот однос меѓу угледниот политичар (го игра Лонза) и младиот бонвиван (го игра Шербеџија), кој е деловно поврзан со ограбеното претпријатие...