Кагера
Кагера или Акагера (англиски: Kagera, Akagera) — река во Источна Африка, еден од најоддалечените водотеци кои го образуваат Нил.[1]
Кагера Акагера | |
---|---|
Утоката на Кагера и Рувубу кај Русумскиот водопад на руандско-танзаниската граница. | |
Изворно име | Kagera (англиски) |
Местоположба | |
Земји | Бурунди, Руанда, Танзанија, Уганда |
Физички особености | |
Извор | |
• координати | 2°21′18″S 30°22′22″E / 2.35500° ЈГШ; 30.37278° ИГД |
Влив на изворите | кај ез. Тангањика |
• место | Бурунди |
Устие | |
• место | ез. Викторија |
• координати | 0°56′41″S 31°46′36″E / 0.94472° ЈГШ; 31.77667° ИГД |
Должина | 400 км |
Особености на сливот |
Делот на реката наречен Кагера извира во Бурунди, истекувајќи од езерото Рверу. Оттука тече на исток долж руандско-бурундиската and руандско-танзаниската граница до вливот во реката Рувубу. Двете најголеми притоки на Кагера се Њабаронго во Руанда (која го напојува езерото Рверу) и Рувубу во Бурунди. Досега не е утврдено која од овие две реки е подолга, што значи дека вистинскиот извор на Нил останува спорен. Од утоката, Кагера тече на север по руандско-танзаниската граница, преку Русумскиот водопад и низ Националниот парк Акагера. Потоа свртува на исток, следејќи ја танзаниско-угандската граница за на крај да се влее во езерото Викторија во Уганда.
Историја
уредиРеката игра важна улога во историјата на земјите низ кои тече, особено во случајот на Руанда. Во 1894 г. германскиот истражувач Густав Адолф фон Гецен ја преминал Кагера кај Русумскиот водопад, со тоа започнувајќи го колонијалниот период на Руанда. Во 1916 г. за време на Првата светска војна, Белгијците ги поразиле Германците, навлегувајќи во Руанда по истиот пат. Во 1994 г. во Кагера се исфрлени илјадници тела на масакрираните припадници на народностите Тутси и Хуту настрадани во Руандскиот геноцид, кои биле погубени на самиот брег[2]. Телата продолжиле да пловат по неа и завршиле на бреговите на езерото Викторија во Уганда и предизвикале голема здравствена опасност поради која е прогласена вонредна состојба.[3]
Географија
уредиКагера извира во Бурунди и завршува во езерото Викторија. Претставува најголем дотек во езерото, со удел од 6,4 милијарди кубни метри вода годишно (околу 28 % од езерскиот истек).[4] Реката настанува со слевањето на помалите реки Рувубу и Њабаронго, недалеку од најсеверната точка на езерото Тангањика.[5] По нејзиното течение се повлечени бурундиско–танзаниската, руандско-танзаниската, бурундиско-руандската и танзаниско–угандската граница.
По реката е наречен Националниот парк Акагера во северна Руанда, како и регионот Кагера во Танзанија. На неа се наоѓа познатиот Русумски водопад, кој претставува важен граничен премин помеѓу Руанда и Танзанија. За време на геноцидот, мостот на водопадот послужил како премин во Танзанија за 250 000 жители кои успеале да пребегаат во Танзанија по него во рок од 24 часа.
Поврзано
уредиНаводи
уредиБелешки
уреди- ↑ Stanley, H.M., 1899, Through the Dark Continent, London: G. Newnes, ISBN 0486256677
- ↑ January, стр. 83
- ↑ Lorch, Donatella (21 мај 1994). „Thousands of Rwanda Dead Wash Down to Lake Victoria“. The New York Times. Посетено на 26 февруари 2010.
- ↑ Rangeley, стр. 54
- ↑ Dumont, стр. 341
Извори
уреди- Dumont, Henri J. (2009). The Nile: Origin, Environments, Limnology and Human Use. Springer. ISBN 1-4020-9725-5.
- January, Brendan (2007). Genocide: modern crimes against humanity. Twenty-First Century Books. ISBN 0-7613-3421-1.
- Rangeley, Robert (1994). International river basin organizations in sub-Saharan Africa. World Bank Publications. ISBN 0-8213-2871-9.,
Надворешни врски
уреди- Кагера на Ризницата ?
- . Encyclopædia Britannica (11. изд.). 1911.
- Кагера — Голема норвешка енциклопедија style="background:#FFC7C7;color:black;vertical-align:middle;text-align:center;" class="table-no"|Не