Кагера

река во Африка

Кагера или Акагера (англиски: Kagera, Akagera) — река во Источна Африка, еден од најоддалечените водотеци кои го образуваат Нил.[1]

Кагера
Акагера
Утоката на Кагера и Рувубу кај Русумскиот водопад на руандско-танзаниската граница.
Изворно имеKagera  (англиски)
Местоположба
ЗемјиБурунди, Руанда, Танзанија, Уганда
Физички особености
Извор 
 • координати2°21′18″S 30°22′22″E / 2.35500° ЈГШ; 30.37278° ИГД / -2.35500; 30.37278
Влив на изворитекај ез. Тангањика
 • местоБурунди
Устие 
 • место
ез. Викторија
 • координати
0°56′41″S 31°46′36″E / 0.94472° ЈГШ; 31.77667° ИГД / -0.94472; 31.77667
Должина400 км
Особености на сливот

Делот на реката наречен Кагера извира во Бурунди, истекувајќи од езерото Рверу. Оттука тече на исток долж руандско-бурундиската and руандско-танзаниската граница до вливот во реката Рувубу. Двете најголеми притоки на Кагера се Њабаронго во Руанда (која го напојува езерото Рверу) и Рувубу во Бурунди. Досега не е утврдено која од овие две реки е подолга, што значи дека вистинскиот извор на Нил останува спорен. Од утоката, Кагера тече на север по руандско-танзаниската граница, преку Русумскиот водопад и низ Националниот парк Акагера. Потоа свртува на исток, следејќи ја танзаниско-угандската граница за на крај да се влее во езерото Викторија во Уганда.

Историја

уреди

Реката игра важна улога во историјата на земјите низ кои тече, особено во случајот на Руанда. Во 1894 г. германскиот истражувач Густав Адолф фон Гецен ја преминал Кагера кај Русумскиот водопад, со тоа започнувајќи го колонијалниот период на Руанда. Во 1916 г. за време на Првата светска војна, Белгијците ги поразиле Германците, навлегувајќи во Руанда по истиот пат. Во 1994 г. во Кагера се исфрлени илјадници тела на масакрираните припадници на народностите Тутси и Хуту настрадани во Руандскиот геноцид, кои биле погубени на самиот брег[2]. Телата продолжиле да пловат по неа и завршиле на бреговите на езерото Викторија во Уганда и предизвикале голема здравствена опасност поради која е прогласена вонредна состојба.[3]

Географија

уреди
 
Неформална прекугранична трговија помеѓу Танзанија и Уганда.

Кагера извира во Бурунди и завршува во езерото Викторија. Претставува најголем дотек во езерото, со удел од 6,4 милијарди кубни метри вода годишно (околу 28 % од езерскиот истек).[4] Реката настанува со слевањето на помалите реки Рувубу и Њабаронго, недалеку од најсеверната точка на езерото Тангањика.[5] По нејзиното течение се повлечени бурундиско–танзаниската, руандско-танзаниската, бурундиско-руандската и танзаниско–угандската граница.

По реката е наречен Националниот парк Акагера во северна Руанда, како и регионот Кагера во Танзанија. На неа се наоѓа познатиот Русумски водопад, кој претставува важен граничен премин помеѓу Руанда и Танзанија. За време на геноцидот, мостот на водопадот послужил како премин во Танзанија за 250 000 жители кои успеале да пребегаат во Танзанија по него во рок од 24 часа.

 
Течението на Кагера.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Белешки

уреди
  1. Stanley, H.M., 1899, Through the Dark Continent, London: G. Newnes, ISBN 0486256677
  2. January, стр. 83
  3. Lorch, Donatella (21 мај 1994). „Thousands of Rwanda Dead Wash Down to Lake Victoria“. The New York Times. Посетено на 26 февруари 2010.
  4. Rangeley, стр. 54
  5. Dumont, стр. 341

Извори

уреди

Надворешни врски

уреди