И така натака (филм)
„И така натака“ (српскохрватски: Itakodalje) — југословенски тв-филм од 1977 година, во режија на Томислав Радиќ, кој е автор и на сценариото. Улогите ги играат: Божидарка Фрајт, Борис Бузанчиќ, Круно Валентиќ, Жељка Сењан и Вјера Жагар Нардели. Монтажата е дело на Маја Фиљак, автор на музиката е Арсен Дедиќ, а директор на фотографијата е Енес Миџиќ.[1]
Синопсис
уредиПо четиринаесет години, еден брачен пар првпат се среќава со својот стар пријател, кој живее во Австралија. Меѓутоа, сеќавањата и емоциите предизвикани од таа средба сепак не успеваат да донесат позначајна промена во монотоното секојдневие на брачниот пар...