Ицо Најдовски

(Пренасочено од Ицо Најдовски-Перин)

Ицо Најдовски е австралиски научник и активист на македонската заедница во Австралија...

Животопис

уреди

Најдовски Перин е роден во битолското село Оптичари. Во 1985 година ја напуштил Македонија и живее во Мелбурн, Австралија. Таму веднаш се вклучил во македонското движење. На Викторија универзитетот во Мелбурн (насока Историја и мултикултура) се здобил со неколку дипломи а во 1997 година магистрирал на тема: “Оспорен идентитет: Македонците во современа Австралија”. Тој е магистер по мултикултура и историја, а 22 години предава македонски и англиски јазик јазик во повеќе средни училишта. Оценувач е на завршните испити на студентите по македонски јазик, во рамките на Министерството за образование на Викторија. Познат е по своите ставови против дејствата на Владиката Петар во Австралиско-новозеландската епархија[1].

Библиогрфаија

уреди

Покрај магистерскиот труд Најдовски има истражувано во Викторија универзитетот неколку години и ги има напишано следните научни трудови:

  • „Одржување на Македонскиот јазик и македонската младина”,
  • „Сопредба на три етнички групи: Македонците, Либанците и Холанѓаните”,
  • Првата Македонска генерација: Интеграција или асимилација”,
  • „Македонците во Викторија”

Докторира на Институтот за национална историја, Македонија на тема: “Македонско - Австралиски Народен Сојуз (1946-1958).

Наводи

уреди
  1. Аџиевски, Милан (22 јуни 2009). „Ицо Најдовски против владиката Петар“. Форум. Посетено на 2009-11-08.

Надворешни врски

уреди