Исус од Назарет (телевизиска серија)

Исус од Назарет (италијански: Gesù di Nazareth) — британско-италијанска телевизиска минисерија од 1977 година во режија на Франко Зефирели и продуцирана од Зефирели, Ентони Берџес и Сузо Чечи Д'Амико. Филмот го драматизира раѓањето, животот, мисионерството, распнувањето и воскресението на Исус. Главната улога во филмот е Роберт Пауел како Исус, а се појавуваат познати американски и европски глумци, меѓу кои и осуммина кои победиле или биле номинирани за Оскар: Ен Банкрофт, Ернест Боргнајн, Лоренс Оливие, Кристофер Пламер, Ентони Квин, Род Стајгер, Џејмс Ерл Џоунс и Питер Устинов.

Исус од Назарет
Жанрбиблиски
Заснована наЕвангелие
Напишана одЕнтони Берџес
Сусо Чечи Д'Амико
Франко Зефирели
Режирана одФранко Зефирели
УлогиРоберт Пауел
Тематски композиторМорис Жар
Земја на потеклоИталија
Велика Британија
Првичен јазиканглиски
Производство
Продуцент(и)Лев Граде
Винченцо Лабела
КинематографијаАрмандо Нануцци
Дејвид Ваткин
УреднициReginald Mills
ВреметраењеОригинал: 382 минути
Скратена верзија: 270 минути
ДВД верзија: 374 минути
Продукциска куќаITC Entertainment
RAI
Прикажување
Првична мрежаРаи 1 (Италија)
ITV (Велика Британија)
NBC‏‎ (САД)
Првично прикажување27 март 1977 (1977-03-27) – 24 април 1977 (1977-04-24)

Во пишувањето на сценариото биле користени библиските извори, а некои ликови (како Зера) и ситуации биле измислени. Имено, Исус од Назарет првично го прикажува Јуда како добронамерен човек, но подоцна како послушник на Зера, кој го предава Исус во голема мерка како резултат на лажни изговори. Меѓутоа, во согласност со евангелијата, филмот ги прикажува Никодим и Јосиф од Ариматеја како членови на Синедрион. Не се прикажани многу чуда на Исус, како што е промена на водата во вино, Свадбата во Кана, преображението.

Премиерата на филмот се случила на 27 март 1977 година, на италијанскиот канал Раи 1 и за првпат се емитувала во Велика Британија на 3 април 1977 година. Филмот доживеал голем успех, добил неколку награди и позитивни критики.

Надворешни врски

уреди