Истрајна љубов (англиски: Enduring Love) е роман на британскиот писател Ијан Мекјуан, кој во 2004 доби истоимена филмска адаптација.

Истрајна љубов
Прво издание на книгата
АвторИјан Мекјуан
Изворен насловEnduring Love
ЗемјаАнглија
ЈазикАнглиски
Жанрроман
Издадена
1997
Страници247 стр
OCLC37706997

Резиме

уреди

Еден пролетен ветровит ден, мирниот и организиран живот на Џо Роуз ќе биде нарушен по една несреќа со воздушен балон. Тоа попладне, како што Џо подоцна ќе се присети, можеше да заврши само со трагедијата да не се случеше и неговата кратка средба со Џед Пери. Без да знае Џо, она што ќе се случи меѓу нив двајца тој ден, кај Пери ќе разбуди толку моќна опсесија што ќе го стави на тест научниот рационализам на Џо, ќе претставува закана за љубовта на неговиот живот, жена му Клариса, и ќе го доведе до работ на лудило и злосторство.[1]

Белешки

уреди