Историја на Кипар
Археологичните наоди докажуваат дека историјата на Кипар започнува уште во времето на неолитот од 7000 п.н.е. - 3800 п.н.е. Има повеќе теории за потеклото на името на Кипар. Една од нив е дека Кипар го добил името по грчкиот збор за чемпрес (лат: Cupressus sempervirens), κυπάρισσος kypárissos. Друга тврди дека името потекнува од латинската фраза aes Cyprium (метал кој потекнува од Кипар) што се однесува на бакар подоцна еволуирајќи во Cuprum.
Имено во Античко време Кипар бил познат по големиот број на наогалишта на бакар кои се наоѓале на негова територија. Едни од првите народи кои се населиле на Кипар биле микенците и фенекијците во околу 1050 п.н.е. Во Кипар подоцна се населиле асирците и персијците во околу 700 п.н.е. По тој период во Кипар се населиле Старите Грци. Својата независност Кипар ја добил на 1 август 1960 година. Прв претседател а истоивремено и архиепископ бил Макариос III (1913-1977). По тој начин, тој раководел со црковната и административната власт во дрќавата. На 20 јули 1974 година турските војски го зазеле северното крајбрежје. Турската непризнаена дрќава на Кипар постои до ден денес.