Историја на Замбија
Населена уште пред милион години, територијата во претколонијалното време била користена за формирање на различни племенски заедници. Во 17 и XVIII век биле основани државните формации Бароце и Лунда. Од втората половина на XIX век земјата започнала да потпаѓа под британска колонијална власт, по 1911 година под името Северна Родезија. Ослободителната борба, под водството на Кенет Каунда, била крунисана во 1964 година со прогласувањето на независна Република Замбија. Во новите услови, Замбија се определила за неврзаната политика, а во економски поглед воспоставила тесни врски со Кина. Национализацијата на странските рударски и петролејски компании (започната во 1969 година) предизвикала бранувања и во политичката сфера со големи притисоци од надворешниот фактор. Во 1970 Лусака била домаќин на Третата конференција на неврзаните земји. Големите долгови и нестабилните економски состојби довеле до изборен пораз на Каунда (1991). Земјата започнала да се ориентира кон имплементирање на повеќепартиски систем (процес почнат и порано) и кон приватизација во стопанството.