Историски области во Истанбул
Историските области на Истанбул се група на подрачја кои се наоѓаат во областа Фатих, во градот Истанбул, Турција. Овие области биле додадени на списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1985 година.
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Одлево надесно: Џамија Султан Ахмед; Аја Софија; палатата Топкапи и морските ѕидини; и кулата Галата крајно десно, покрај Златниот Рог. | |
Место | Истанбул, Турција |
Вклучува | |
Критериум | културно: (i), (ii), (iii), (iv) |
Навод | 356bis |
Запис | 1985 (IX заседание) |
Дополнувања | 2017 |
Површина | 765.5 ha (1,892 acres) |
Координати | 41°0′30.49″N 28°58′47.75″E / 41.0084694° СГШ; 28.9799306° ИГД |
Во овој список на светско наследство се вклучени и згради и градби како Сарајбурну, палата Топкапи, Аја Софија, џамија Султан Ахмед, Аја Ирина, џамија Зејрек, џамија Сулејманије, Мала Аја Софија и Цариградските ѕидини.
Зони
уредиСветското наследство опфаќа четири зони, илустрирајќи ги главните фази во историјата на градот користејќи ги неговите најпрестижни споменици:
- Археолошкиот парк, кој во 1953 и 1956 година бил дефиниран на врвот на полуостровот;
- квартот Сулејманије, заштитен во 1980 и 1981 година;
- квартот Зејрек, заштитен во 1979 година;
- зоната на бедемите, заштитена во 1981 година.