Историски архив (Прилеп)
Архивот во Прилеп е основан во 1955 година. Подрачното одделение работи во стара адаптирана зграда со доградено депо, кое заради недостаток на средства не е довршено, а се наоѓа на ул. „Александар Македонски“ бр. 134, во Прилеп[1] Одделението има надлежност на општините Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Македонски Брод и Пласница.
Работата на одделението
уредиОдделението Прилеп располага со 540 фонда и 7 збирки. Работи со 188 иматели на архивски материјал. Поголемиот дел од архивската граѓа се однесува на периодот по 1944 година. Почетните облици на организирано собирање и заштита на архивскиот материјал се јавува веднаш по ослободувањето. При собирачката дејност до формирањето на подрачното одделение Прилеп ја обавува Народниот музеј во Прилеп во чии рамки постоело архивското одделение.
Поважни фондови
уредиПозначајни фондови во ова одделение се:
- „Градска општинска управа - Крушево“ (1941-1944 година);
- правосудните фондови (1914 - 1944) и 1945 до денес;
- „Училишни настојателства“ 1913-1941;
- фондовите на гимназиите, средните и основните учлишта за периодот 1914-1980 година;
- „Институт за тутун“ (1924 - );
- фондовите на верските установи на Православната црква од црковните општини и црквите (1872-1945) и
- фондовите на хуманитарните друштва (1919-1930).
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-10-03. Посетено на 2016-01-21.