Синоним (од стгрч. syn 'συν' — сличен, сроден и onoma 'όνομα' — име) или истозначник — еден од различни зборови со слично или истоветно значење.[1] Пример за синоними се зборовите куче и пес, паметен и интелигентен и слично. Синонимите можат да бидат разни видови зборови (пр. глаголи, придавки, заменки, именки и сл.) сè додека и двата збора се од ист вид. Исклучок се случаите кога имаме глагол со глаголска придавка или обратно, придавка со глаголска придавка.

Всушност, синонимноста меѓу зборовите настанува кога ќе им се совпадне основното или пренесеното значење. Еден збор може да има два синоними, во зависност од контекстот во кој се употребува. Заклучок од ова е дека многу се ретки случаиите кога имаме два синоними со потполно исто значење.

За разлика од синонимите во други области, синонимот во систематиката не е истоветен на другото име, бидејќи во таксономијата тие не се еднакви и имаат поинаков статус. Секој таксон може да има само по едно име што важи за исправно (согласно номенклатурен правилник). Синонимот е најчесто врзан за поинаков пристап во класификацијата и со тоа, поинаква положба во системот.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „синоним“ — Лексикон на македонскиот јазик