Исав (библиски хебрејски: עֵשָׂו, грчки: Ἡσαῦ) — во Библијата ​​е постариот син на Исак и брат близнак на Јаков.[1] Тој е спомнат во книгата Битие и од пророците Авдиј и Малахиј. Новиот завет го укажува тоа во Посланието до Римјаните и во Посланието до Евреите. Во Библијата пишува дека Исав бил предок на Идумејците и постар брат на Јаков, праотецот на Израилците. Тие биле синови на Исак и Ревека, и внуци на Авраам и Сара. Исав, првородениот, се родил со Јаков, кој внимателно го следел, фаќајќи го за петицата. Исак имал шеесет години кога се родиле близнаците.[2]

Исав
עֵשָׂו
Исав и Јаков се помируваат
Роден(а)Ханан
(денешен Израел)
Починал(а)Ханан
Занимањеловец
Родители
Роднини

Библиска приказна

уреди

Кога Исак имал 40 години, се оженил со Ревека, која многу ја сакал. Со текот на времето, им се родиле два сина близнаци. Прв се родил Исав, а втор Јаков. Исав многу сакал да биде надвор, и бил добар ловџија. а Јаков повеќе сакал да биде дома. Во тоа време, кога ќе умрел таткото, најстариот син го добивал најголемиот дел од земјата и парите. Тоа се викало наследство. Во семејството на Исак, дел од наследството биле и ветувањата што Бог му ги дал на Авраам. Овие ветувања не му значеле ништо на Исав, но Јаков знаел дека тие се многу важни.

Еднаш, откако цел ден бил на лов, Исав се вратил дома уморен. Кога видел дека Јаков готви нешто вкусно, му рекол: „Умирам од глад! Дај ми малку од таа црвена чорба“. Јаков му рекол: „Ќе ти дадам, ама прво вети ми дека ќе ми го дадеш твоето наследство“. Тогаш Исав рекол: „Што ми е гајле за наследството? Земи го. Само дај ми да јадам“. И така, кога Исак бил многу стар, дошло време да го благослови својот првороден син. Но Ревека му помогнала на другиот син, Јаков, да го добие благословот. Кога Исав дознал што се случило, толку се налутил што сакал да го убие својот брат близнак. За да го заштити Јаков, Ревека му рекла: „Оди кај вујко ти Лаван и остани таму додека не се смири Исав“. Јаков ги послушал зборовите на мајка си и избегал за да се спаси (Бит. 25:20–34).[3]

Бог му ветил на Јаков дека ќе го штити, исто како што ги штител Авраам и Исак. Јаков се населил во едно место што се викало Харан. Таму се оженил, имал големо семејство и станал богаташ. Еден ден, Бог му рекол на Јаков: „Врати се во твојата родна земја“. И така, Јаков и неговото семејство тргнале на долг пат. Додека сѐ уште патувале, гласниците што Јаков ги испратил му рекле: „Брат ти Исав доаѓа наваму, а со него има 400 души!“ Јаков се исплашил дека Исав ќе го нападне него и неговото семејство. Затоа му се помолил на Бога: „Те молам спаси ме од брат ми“. Следниот ден, Јаков му испратил на Исав како подарок многу овци, кози, крави, камили и магариња.

Вечерта, кога Јаков бил сам, видел еден маж. Тоа всушност бил Бога, прикриен во маж, и почнал да се бори со Јаков. Се бореле сѐ до утрото. Иако Јаков се повредил, не се откажувал. Бог му рекол: „Пушти ме“. Но Јаков му рекол: „Нема да те пуштам дури не ме благословиш“.

Тогаш Бог го благословил Јаков. Така, Јаков се уверил дека Бог нема да дозволи Исав да му направи нешто лошо. Утрото, Јаков погледнал во далечината и го видел Исав заедно со неговите 400 луѓе. Јаков тргнал прв, пред целото свое семејство, и седумпати се поклонил пред својот брат. Исав се стрчал кон Јаков и го гушнал. Тогаш и двајцата заплакале и се помириле. Потоа Исав се вратил дома, а Јаков продолжил по својот пат.[4]

Наводи

уреди
  1. Internet Archive, Bruce M. (Bruce Manning); Coogan, Michael David (1993). The Oxford companion to the Bible. New York : Oxford University Press. ISBN 978-0-19-504645-8.
  2. Metzger & Coogan (1993). Oxford Companion to the Bible, pp. 191–92.
  3. Јаков добил наследство
  4. Јаков и Исав се помириле

Надворешни врски

уреди