Идумеја (старогрчки: Ἰδουμαία; народ: Идумејци, Идумеец, ж. р. Идумејка) или Едом (хебрејски: אֱדוֹם; Едомци, Едомец, ж. р. Едомејка) — древна земја во Блискиот Исток. Сместена помеѓу Мртвото и Црвеното Море, настанала околу XI век п.н.е. од месните Семити. Во текот на следните столетија, многупати се споменува во различни извори, вклучувајќи и во Библијата. Во првата половина на II век пр. н. е., Идумејското Царство било освоено од Набатеја, а подоцна навлегло во границите на Римската Империја.[1][2][3]

Блискиот Исток околу 830 г. пр. н. е.

Наводи

уреди
  1. Negev & Gibson (ed.), 2001, Edom; Edomites, pp. 149–150
  2. Charles Léon Souvay, уред. (1910). „Idumea“. Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton Company. Посетено на 8 December 2015.
  3. „Edom“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 8 December 2015.

Надворешни врски

уреди