Ирокези
Ирокези (од француски: Iroquois) — група од индијански племиња, кои ја населуваат североисточна Америка (областа на Големите Езера), кои се обединети во т.н. „Ирокезка конфедерација“, наречена и уште „Петте народи“, „Шесте народи“, „Народот од Долгиот дом“, „Лига на ирокезите“ и др. Тие самите се нарекуваат „Ходиношони“ (Haudenosaunee) и буквално може да се преведе како Народот од Долгиот дом. првостепено Лигата на ирокезите е изградена од пет народи: Мохавк (Mohawk), Онајди (Oneida), Онондага (Onondaga), Кајуга (Cayuga) и Сенека (Seneca). Подоцна (1721 г.) кон неа се вклучува шестиот народ: Тускарора (Tuscarora).
Вкупен број | |
---|---|
околу 125.000 (80.000 во САД, 45.000 во Канада) | |
Подрачја со значајно население | |
Јазици | |
мохавски јазик, онајдски јазик, онондагаски јазик, кајугаски јазик, сенечки јазик, тускарорски јазик, англиски јазик, француски јазик | |
Вероисповед | |
Религија Лонгхаус; христијанство |
Јазик
уредиВо рамките на Шестте народи се говорат следните ирокески јазици:
- мохавкски (2500 луѓе) граматика и мисли
- онондагаски (300 луѓе) поговорки
- кајуга (300 луѓе) граматика и мисли
- сенека (100 луѓе) граматика и мисли Архивирано на 18 април 2007 г.
- онондага (80 луѓе) граматика и мисли
- тускарора (помалку од 5 луѓе) граматика и мисли Архивирано на 11 јануари 2008 г.
- минго (помалку од 5 луѓе) граматика и мисли
Податоците се од 2003 година, Mingo Language
Ирокеските јазици спаѓаат во ирокеското јазично семејство.
Личности
уреди- Миротворецот (Skennenrahawi, англиски The Great Peacemaker) — пророк и легендарен основач на Ирокеската лига;
- Хајауата (Ayenwatha, англиски Hiawatha) — легендарен основач на Ирокеската лига;
- Тадодахо или Атотархо (зависно од диалектот: Tadodaho, Atotarho. Во превод: Змии во косите) — врач и легендарен основач на Ирокеската лига;
- Црвената Јакна (Segoyewatha, англиски Red Jacket) — водач;
- Крал Хендрик Тијанога (Theyanoguin - во превод Западната врата е отворена, англиски King Hendrick) — водач;
- Џозеф Брант Тајенданеге (Joseph Brant Thayendanagea) — воен водач;
- Садечката пченка (Kaintwakon, англики. Cornplanter);
- Прекрасното езеро (Ganioda'yo, англиски Handsome Lake) — пророк;
- Ели Паркер (Ely S. Parker) — политичар;
- Артур К. Паркер (Arthur C. Parker) — антрополог;
- Леон Шенандоа (Leon Shenandoah) — политичар и Тадодахо;
- Орен Лајнс (Oren Lyons) — политичар;
- Џон Фаден Гахонуес (Kahonwes, John Fadden) — сликар;
- Воник Хорн-Милер (Waneek Horn-Miller);
- Роби Робертсон (Robby Robertson) — пејач;
- Џоан Шенандоа (Joanne Shenandoah) — пејачка.
Без ирокеско потекло, но поврзани со ирокезите:
- Луис Хенри Морган - американски антрополог
- Франк Г. Спек - американски антрополог
- Вилијам Н. Фентон - американски антрополог
- Џејмс Фенимор Купер - американски писател
Литература
уреди- The Great Law of Peace Архивирано на 3 јули 2012 г. New World Roots of American Democracy, by David Yarrow
- Iroquois Stories Архивирано на 6 април 2007 г.
- Краток преглед на ирокезката историја
- Great Law of Peace and the US Constitution Архивирано на 25 април 2007 г.
- Iroquois Languages
- White Roots of Peace: The Iroquois Book of Life by Paul Wallace
- Iroquois Confederacy